Приоритет на Њукасл во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на одбраната и доведување на врвен дефанзивец.
Прва желба беше дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, но откако францускиот клуб ја одби и втората понуда, сега Њукасл ќе се насочи кон Диего Карлос од Севиља.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
28-годишниот дефанзивец е на радарот на многу европски клубови, но Њукасл е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.
Севиља за слободата на Бразилецот бара 50 милиони евра, а англискиот клуб нема да има проблем да ја плати таа сума.
Њукасл до сега ги комплетираше трансферите на Киран Трипие од Атлетико Мадрид и Крис Вуд од Барнли.