Репрезентативецот на Македонија Љупче Дориев официјално е нов играч на узбекистанскиот прволигаш ФЦ Согдиана од Јизах.
Дориев се раздели со Шкендија по завршувањето на соработката, а во новиот клуб 27-годишниот крилен офанзивен играч ќе заработува 300.000 евра годишно плус годишна плата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Дориев ова ќе биде прв интернационален предизвик во кариерата. Шкендија се обидуваше да го задржи во своите редови, меѓутоа понудата од узбекистанскиот клуб финаниски беше далеку подобра.
Пред Шкендија, Дориев беше дел од струмичките клубови Хоризонт Турново и Академија Пандев.