
Никола Јокиќ танцуваше на паркетот, додека Лука Дончиќ го следеше од клупата. Српскиот центар во победата на Денвер против Лејкерс (131:126) одигра уште еден одличен натпревар, постигнувајќи 28 поени, 7 скокови и 5 асистенции, додека на другата страна не беше присутен Словенецот кој одмараше поради замор и преголем број на последователни натпревари.
Двајцата се добри пријатели, што е познато, па така Јокиќ го искористи моментот за да се пошегува со него. По првата четвртина му пријде на Лука, се прегрнаа срцечно и малку разговараа.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Иако не може точно да се слушне што му рече, по реакциите и потезите на Никола може да се заклучи дека се шегува за неговата тежина и му сугерира дека значително ослабнал.