Италијанскиот гигант Јувентус е силно заинтересиран за крилниот фудбалер на Челзи, Кристиан Пулишиќ, тврдат медиумите на Островот.




23-годишниот офанзивен фудбалер не беше стартер во тимот на Тухел, но и со промената на тренерот неговиот статус не се промени.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Поради тоа Пулишиќ сака да ја промени средината, а таквата ситуација е спремен да ја искористи Јувентус.




Неговиот договор со Челзи е до јуни 2024 година, а англискиот клуб за неговата слобода бара 35 милиони евра.
Јувентус ќе се обиде да го донесе во јануари на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.