Дома Фудбал Италија Јувентус почна да игра баш „јувентусовски“

Јувентус почна да игра баш „јувентусовски“

Чудно беше да се гледа како Јувентус прима многу голови на стартот од сезоната, но во последните натпревари изгледа дека Алегри започна да го „средува“ тимот и да го носи во добра насока.

Алегри од неговиот претходен мандат во Јувентс беше познат по тоа што под негово водство „старата дама“ не постигнуваше многу голови, не ни примаше. Добрата одбрана и „досадната“ игра скоро секогаш било нешто кое се поврзувало со Јувентус.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Токму на тој начин Јувентус почна да победува. Веќе четири натпревари во низа Јувентус победува со минимални 1:0. Вчера со тој резултат беше победен Зенит, а претходно исто беше против Рома и Торино во Серија и Челзи во Лигата на шампионите.

Инаку, во последните осум натпревари во сите натпреварувања Јувентус има седум победи и едно реми, против Милан (1:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Полските хулигани во Мадрид направија хаос каков што ретко сее гледа! (Видео)

Навивачите на полскиот Лех Познањ повторно предизвикаа големи немири, овој пат во Шпанија,…