Јувентус денес покажа дека не го заборавил еден од своите поранешни најдобри фудбалери на овој тим.
Одличниот француски фудбалер Пол Погба денес го слави 26-тиот роденден, а „старата дама“ преку друштвените мрежи му испрати честитка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако тоа веднаш предизвика лавина коментари кај навивачите на Јувентус кои очигледно сакаат Погба да се врати и да го облече црно-белиот дрес.
„Врати се во Торино“, „Врати се Погба“, „Вратете го“…Се само некои од коментарите на навивачите на „старата дама“.
Tanti auguri a @paulpogba che oggi spegne 2️⃣6️⃣ candeline! ? pic.twitter.com/mJYTwbxaxQ
— JuventusFC (@juventusfc) March 15, 2019
Додека Жозе Мурињо беше во клубот Пол Погба често пати се поврзуваше со заминување од Манчестер Јунајтед, а Јувентус со кој секогаш остана во добри односи беше потенцијалната дестинација. Меѓутоа откако Солскјер пристигна во Манчестер „дуваат“ поинакви ветрови и Погба е вистински лидер на тимот кој игра одлично.
Инаку дел од Јувентус беше од 2012 до 2016 година, а пристигна како слободен играч од Манчестер Јунајтед. Во тоа време Манчестер направи се за да го задржи но не успеа, сепак во 2016 година скапо го платија, но успеаа да го вратат на „Олд Трафорд“.
Освен за Манчестер Јунајтед Погба беше дел од клубови како Ле Хавре, Торси, Росие ен Брие, но првиот настап во професионалниот фудбал го забележа на Островот.