И покрај шпекулациите дека Леонардо Бонучи може да го напушти Јувентус, последните информации се дека „бјанконерите“ спремиле нов договор за капитенот.
35-годишниот дефанзивец не покажува добри партии од почетокот на сезоната, а во дербито против Торино беше оставен на клупата и влезе откако Бремер се повреди.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, во клубот сметаат дека неговото искуство и придонес во соблекувалната се многу важни, па ќе му понудат нов договор.
Според медиумите Бонучи наскоро ќе стави потпис со кој ќе остане во Јувентус до 2025 година. Тој исто така сака да остане во клубот, па нема да има проблем двете страни да се договорат.
Leonardo #Bonucci is a step away from extending his contract until 2025; he will spread his salary (€6.5m/yr) out (@NicoSchria ) pic.twitter.com/u2zUoWhSI9
— 🎥 All JuveCast🎙 🏳️🏴 (@AllJuveCast) October 21, 2022