Дома Топ вести Јувентус и Њукасл спремија понуда за Пулишиќ

Јувентус и Њукасл спремија понуда за Пулишиќ

Офанзивниот фудбалер на Челзи, Кристиан Пулишиќ готово сигурно на лето ќе го напушти клубот.

24-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во Челзи и малата минутажа која ја добива, па сака да ја промени средината.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Најсилен интерес за него покажуваат Јувентус и Њукасл, кои веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Притоа Американецот влегува во последната година од договорот, па „сините“ се спремни да слушнат понуди на лето.

Њукасл е во предност бидејќи има поголема финансиска моќ, но играњето во Лигата на шампиони може да биде пресудно за неговата одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…