„Ла Масија“ во последно време практично изгледа како супермаркет, а сега заминува и еден од најдобрите.
Јувентус и официјално ја извести Барселона дека постигнал договор со 16 годишниот Пабло Морено за кого ќе платат три милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Морено е најдобар стрелец во академијата на Барса и до сега во младинските категории постигна 200 погодоци.
Овој талентиран фудбалер неколку пати одбиваше да го продолжи договорот со Каталонците, негов агент е Пер Гвардиола, роден брат на менаџерот на Сити. Причината е јасно, Морено и неговиот агент сметаат дека во Јувентус би добил повеќе простор за докажување.
Секако, на почеток ќе биде дел од младинскиот тим на Јувентус, но веќе во наредната сезона би можел да добива прилика не само да тренира со првиот тим, туку и да биде на клупата во некои од натпреварите.
Станува збор за навистина голем талент, но тој не единствениот проблем за Барса. Имено, уште неколку фудбалери од неговата генерации заминуваат, Сержо Гомез се сели во Дортмунд, Андриа Бернабе во Манчестер Сити, тие трансфери се веќе договорено. Додека Жоел Лопез е блиску до Арсенал кој испрати понуи и за Наваро, Нико Гонзалес и Жозе Мартинез…