Дома Фудбал Италија Јувентус започна преговори со Гатузо

Јувентус започна преговори со Гатузо

Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер за следната сезона, пренесуваат италијанските медиуми.

Челните луѓе на „старата дама“ не кријат дека се незадоволни од работата на актуелниот тренер, Андреа Пирло, кој сигурно ќе добие отказ на крајот на сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јувентус веќе подолго време сака да го врати Зидан во своите редови, но Французинот доколку го напушти Реал сака да земи една година одмор.

Поради тоа весникот „Тутоспорт“ ексклузивно пренесува дека во пол-позиција во моментов е Џенаро Гатузо.

Гатузо на крајот на сезоната ќе го напушти Наполи, а „бјанконерите“ веруваат дека го има потребното искуство да ја води „старата дама“.

Агентот на Гатузо, Жорге Мендеш е во добри односи со „бјанконерите“, а наводно и самиот Роналдо дал зелено светло за Џенаро Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселонa во своите редови веќе има „нов Јамал“: На 27 натпревари постигнаа 100 гола – со само девет години!

Иако Ламин Јамал е уште млад и има само 18 години, Барселона можеби веќе има негов наследн…