Дома Фудбал Италија Јувентус го сака спортскиот директор на Наполи

Јувентус го сака спортскиот директор на Наполи

Раководството на Јувентус покажало интерес за Кристијано Џунтоли, спортскиот директор на Наполи.

Јувентус по заминувањето на Партичи на оваа позиција го постави Федерико Черубини, меѓутоа медиумите пишуваат дека тој е тука само привремено, додека не се најде соодветна замена.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Џунтоли со Наполи има договор до 2024 година меѓутоа неговиот однос со Де Лаурентис не е баш најдобар, барем такви се информациите на „Калчомеркато“. Во клубот Џунтоли е од 2015 година.

Секако дека евентуално негово преминување во Јувентус нема да им се допадне на фановите на клубот од Неапол. Ќе потсетиме, Лучијано Моџи во минатото исто така се пресели од Наполи во Јувентус, тој во „старата дама“ одговорен за трансферите беше од 1994 до 2006 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Погледнете еден од најглупавите потези на играч на Виљареал кој им поништи сигурен гол

Во последниот натпревар од осмото коло на шпанската Примера, Виљареал со многу мака успеа …