Раководството на Јувентус сака што е можно побрзо со нов договор да го „блиндира“ младиот талент, Самуел Илинг.
19-годишниот Англичанец игра за младинците, а Алегри се одличи да му даде шанса и за првиот тим на мечот против Бенфика.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Игра на позиција лево крило, а на своето деби запиша две асистенции и веднаш покажа дека е голем потенцијал.
Тој е продукт на школата на Челзи, а во Јувентус пристигна во 2020 година, а англиските клубови го следат и сакаат да го донесат во своите редови.
Договорот на Илинг истекува на крајот на сезоната, па „бјанконерите“ брзаат со новиот договор и сакаат да го задржат долгорочно.