Поранешниот француски репрезентативец, Јохан Кабаје објави крај на кариерата на 35 години.
Кабаје во кариерата играше за Лил, Њукасл, ПСЖ, Ал Наср и Сент Етјен, а последниот официјален натпревар го одигра уште на 1. март минатата година во дресот на зелено-белите од Сент Етјен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Со големи емоции, после повеќе од 17 години љубов кон фудбалот со емоции поголеми од било што друго, спомени кои засекогаш ќе ги паметам и незаборавни човечки и спортски средби најавува крај на мојата фудбалска кариера. Ако на некои луѓе оваа одлука им изгледа логична затоа што денес имам 35 години и понатаму ми е многу тешко да прифатам затоа што мојата љубов кон фудбалот е неизмерна“, изјави Кабаје.