Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ со фантастичен настап го водеше Денвер до победа, драма во Индијана со среќен крај за Вориорси 🎥

Јокиќ со фантастичен настап го водеше Денвер до победа, драма во Индијана со среќен крај за Вориорси 🎥

Во ноќта која е зад нас беа одиграни девет натпревари во НБА лигата.

Денвер Нагетс предводени од Никола Јокиќ славеа против Вашингтон Визардс со резултат 113:107. Српскиот кошаркар уфрли 28 поени и додаде 19 скокови и 9 асистенции. Го следеше Морис со 22 поени. Кај Визардси се истакна Бертанс со 21 поен и 5 скокови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличен натпревар одигра Татум во победата на Бостон над Милвоки (117:103). Татум постигна 42 поени и доаде ушет пет скокови и четири асистенции. Во редовите на гостите Антетокумпо уфрли 20 поени, додавајќи осум скока и три асистенции.

Вистинска драма гледавме во Индијана. Пејсерси водеа скоро цел натпревар против Голден Стејт, а потоа на крајот од серијата од четири поени лидерот доаѓа до пресврт и победа од 100:102. Најефикасен на натпреварот беше Сабонис со 30 поени и 11 скокови додека кај Голден Стејт, Стеф Кари постигна 26 поени со уште шест скока и исто толку асистенции.

Далас без Лука Дончиќ дојде до нова победа, после Оклахома Мавси сега слеава во дуелот со Шарлот со 120:96. Порзигнис беше најрасположен со дабл-дабл учинок од 24 поени и 13 скокови.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Мајами 105:94, Инидјана – Голден Стејт 100:102, Торонто – Сакраменто 124:101, Атланта – Хјустон 126:132, Бостон – Милвоки 117:103, Мемфис – Филаделфија 126:91, Далас – Шарлот 120:96, Денвер – Вашингтон 113:107, Клиперси – Феникс 111:95.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…