Koшаркарите на Денвер конечно ја прекинаа црната сеија од шест порази во низа. Нагетси славеа во Мајами со 120:111.
Никола Јокиќ после паузата од четири натпревари се врати на теренот и беше блиску до трипл-дабл со учинок од 24 поени, 15 скока и 7 асистенции. Констатно од трибините српскиот центар добиваше свирежи. Причина беше инцидентот со Морис на претходниот натпревар помеѓу овие два тима. Морис од тој натпревар не игра поради проблеми со вратот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Далас Маверикс беа поразени со 96:114 од Кливленд. Не беше доволен за Далас и трипл-даблбот на Дончиќ. Лоши вести за Мавси е и повредата на Порзингис. Дончиќ го заврши мечот со 25 поени, 10 скока и 10 асистенции. Повредата на Порзингис можеби предизвика и поголема загриженост во Далас.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Далас – Кливленд 96:114, Филаделфија – Орландо 101:96, Мајами – Денвер 111:120, Чикаго – Шарлот 133:119, Хјустон – Оклахома 102:89, Минесота – Индијана 100:98, Сан Антонио – Вашингтон 116:99, Јута – Портланд 129:107, ЛА – Њу Орлеанс 104:123