Дома Останати Кошарка Јокиќ ги загуби нервите: Малку фалеше да се степа со Италијанецот Хакет (ВИДЕО)

Јокиќ ги загуби нервите: Малку фалеше да се степа со Италијанецот Хакет (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија денес ја запиша и третата победа на СП во исто толку натпревари, победена беше Италија со 77:92.

Пред самиот крај на натпреварот Србите можеа да се најдат во проблем бидејќи Никола Јокиќ многу лесно можеше да заработи исклучување. Хакет направи прекршок над центарот на Денвер, а тогаш Јокиќ го турна на паркетот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Судиите прво донесоа одлука за исклучување на Јокиќ. Србија веќе имаше солидно водство, проблемот ќе беше тоа што Јокиќ ќе добиеше и суспензија од еден натпревар. Сепак нашите соседи имаа среќа, после прегледувањето на видео снимките судиите ја сменија одлуката само во неспортска лична грешка.

Причината поради што ја променија одлуката е затоа што Јокиќ не го удри, туку само го турна Хакет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Селекторот на македонската кошаркарска селекција Илиевски поднесе оставка

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски поднесе денеск…