Милан е силно заинтересиран за напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ и сака да го донесе во јануари, пренесуваат италијанските медиуми.
Јовиќ е во втор план во Реал Мадрид и е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Милан сметаат дека Јовиќ е вистински напаѓач за тимот на Стефано Пиоли, па директорите Паоло Малдини и Фредерико Масара почнале преговори со менаџерот Фали Рамадани.
Јовиќ веќе подолго време е на радарот на Милан, а „Газета дело Спорт“ открива дека големи се шансите Србинот во јануари да се пресели на „Сан Сиро“.
Милан и Реал имаат одлични односи и „кралевите“ се спремни да ја прифатат понуда за позајмица со право на откуп.