Дома Останати Тенис Јаник Синер го изгуби првиот меч во 2024 година

Јаник Синер го изгуби првиот меч во 2024 година

Италијанецот Јаник Синер го доживеа својот прв пораз оваа сезона, но не во сингл, туку во двојки на Мастерсот во Индијан Велс, каде негов партнер беше Лоренцо Сонего, колега од Дејвис Куп тимот на Италија.

Италијанската комбинација загуби од тандемот Марсело Гранољерс од Шпанија и Орасио Себаљос од Аргентина со резултат 7-6/0, 6-3. Ова беше прв пат за Синер да настапи во двојки на турнир од минатата есен, кога играше со Алекс де Минор во Пекинг.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сепак, за него сигурно поважно е осминафиналето во сингл против Американецот Бен Шелтон. Оваа сезона, Синер има скор од 14-0, а ако вклучиме и крајот на минатата година, тој е непоразен на последните седумнаесет меча.

Ќе потсетиме, Новак Ѓоковиќ изминатата вечер беше сензационално елиминиран од Индијан Велс, па така се зголемија и шансите на Синер за освојување на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…