Дома Македонски спорт Мак фудбал Јаневски: Утре ги очекувам првите бодови во Европа!

Јаневски: Утре ги очекувам првите бодови во Европа!

Вардар утре го пречекува Реал Сосиедад во рамките на третото коло од Лига Европа и се надева дека на домашен терен ќе ги освои првите бодови во групата.

Тренерот Чедомир Јаневски верува дека неговиот тим може да дојде до позитивен резултат и да ги освои првите бодови во Европа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Утре имаме противник за респект, екипа која завршува секоја сезона меѓу првите пет. Знаевме дека Зенит и Сосиедад во групата се фаворити, но ние од натпревар во натпревар ја подобруваме играта. Очекуваме да ги освоиме утре првите бодови во Европа. Добро ги анализиравме, сакаат да имаат посед, играат на гол повеќе и офанзивно. Треба да сме концентрираме од почеток до крај и да ги искористиме нивните слабости. Веруваме во својот квалитет и верувам дека ќе направиме добар резултат“, истакна Јаневски.

„Мислам дека утре не очекува добар меч, исклучително важен за нас. Сугурен сум дека сите ќе дадеме 100% утре на терен. Очекувам публиката да ни даде максимална поддршка. Сите знаеме како треба да играме и ќе ги исполниме сите задачи што ни се дадени од тренерот“, изјави Барсегјан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…