Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски блескаше во новата победа на Вашингтон стејт, четврта по ред во НЦАА лигата, остварена против Орегон стејт со 64:58.
Јакимовски беше втор стрелец во триумфот на Вашингтон стејт со 15 поени, реализираше пет тројки од девет обиди.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поефикасен од нашиот играч беше само Џејлен Велс со 24 поени. На спротивната страна доминираше Џордан Поуп со 12 поени.
Во Пацифик-12 зоната Вашингтон стејт е на второто место (17-6), зад водечката Аризона (18-5).
Во следниот меч популарните „кугарс“ ќе ги одмерат силите против Орегон на 10 февруари.