Дома Македонски спорт ЗОИ: Јада шансата ќе ја бара на 15 километри, Македонецот убедливо последен на спринтот

ЗОИ: Јада шансата ќе ја бара на 15 километри, Македонецот убедливо последен на спринтот

Ставре Јада не помина добро на првиот свој настап во Пјонгчанг.

Македонцот заврши на 79 место од 80 натпреварувачи, но еден од натпреварувачите беше дисквалификуван, па така Јада е последен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На спринтот во класичен стил, Јада оствари време од 4:23.85 и со тоа имаше заостанување од 18 секунди во однос натпреварувачот кој беше пред него. Кога во прашање е разликата зад победникот, Јада заостануваше минута и 15 секунди.

Сепак, треба да се истакне дека оваа дисциплина не е најсилна страна на Јада и подобар пласман сигурно дека очекуваме на трката на 15 километри која на програмата е во петок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…