Фудбалерите на Црвена звезда знаеја од кого им се заканува најголема опасност вечерва, а сепак си дозволија да примат три голови по корнерите од ПСВ.
Црвена звезда беше поразена во Белград од ПСВ со резултат 3:2 и е јасно дека не може да се пласира на 24-тото место и да обезбеди пласман во нокаут фазата на едно коло пред крајот.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
По натпреварот, за ТВ Арена Спорт зборуваше херојот на “филипсовци”, Лук де Јонг, кој постигна два гола во првиот дел од натпреварот и едноставно е неверојатно како остануваше сам во тие ситуации, иако е добро познат по неговите вештини во скок.
“Ова е голема победа за нас. Знаевме дека сме во таква позиција на табелата што моравме да победиме денес, сега имаме 11 бода. Почнавме добро на натпреварот, имаа шанса ‘еден на еден’, успеавме да се одбраниме, тоа не спаси. Кога поведовме со 3:0, се беше многу полесно, по црвениот картон знаевме дека ќе биде тежок натпревар, но на крај славевме со 3:2,” рече Де Јонг.
Потоа зборуваше за играњето на “Маракана”.
“Неверојатна атмосфера, неверојатна страст… Целата оваа нација е позната по пасијата. Неверојатна поддршка имаат играчите, а ние моравме да играме многу добар фудбал за да победиме овде, и во тоа успеавме,” заврши Де Јонг.