
Со победата против екипата на Лил, Црвена Ѕвезда конечно се ослободи од „француското проклетство“ што ги следеше со години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вчера, играчите на Црвена Ѕвезда го направија успехот историски, во секоја смисла на зборот. Под водството на Дејан Станковиќ, тимот ја извојува првата победа на француска територија. До синоќа, црвено-белите никогаш не славеле триумфи на терен на француски клуб!
Покрај тоа, ова е првата победа на српскиот фудбал во Франција досега.
Играчите на Дејан Станковиќ запишаа херојска победа на гостувањето кај Лил, а голот кој го обезбеди триумфот го постигна Учена во последните моменти од првото полувреме.