Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Сити доби уште едно обвинение за силување

Ѕвездата на Сити доби уште едно обвинение за силување

Францускиот дефанзивец на Манчестер Сити, Бенџамин Менди доби уште едно обвинение за силување, седмо по ред.

Менди денес се појави во судот во Честер каде на терет му се ставаат дури седум обвиненија за силување и една за сексуален напад, во врска со пет жени, пренесува Би-Би-Си.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Најновото обвинение е од нова жртва и наводно се случило во јуни оваа година. Претходните обвиненија се однесуваат на периодот помеѓу октомври 2020 и август оваа година.

27-годишниот француски фудбалер е во притвор од август, а судот одби три негови жалби за пуштање на слобода.

Обвиненијата кои му се ставаат на терет се сериозни, па доколку биде прогласен за виновен, го чека затворска казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Откриен досега непознат прекар на Меси: Ако си го слушнал тоа име, веќе знаеш дека губиш 0-3

Голманот на Хуракан, Хернан Галиндез, се присети на своите средби со Лео Меси од детството…