Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Бенџамин Менди беше обвинет за силување во 2021 година, по што премиерлигашот веднаш го суспендира, но тој успеа на суд да докаже дека е невин.
Французинот сега тврди дека „неколку“ тимски колеги од Манчестер Сити му се придружиле на неговите забави со алкохол и имале „случајни врски со жени“ додека тој испрати барање за компензација од 11 милиони фунти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во доказите изнесени од адвокатот на Менди, на трибуналот подоцна беше кажано дека вкупно пет тимски колеги од Сити биле на забавите.
„Неколку играчи од првиот тим на Манчестер Сити, вклучувајќи го и капитенот на клубот, беа присутни на забавите кои ги организирав. Сите заедно пиевме алкохол, имавме односи со жени и ги прекршивме рестрикциите за Ковид-19“, тврди Менди.