Дома Фудбал Италија Ѕвездата на Милан застана во одбрана на Гатузо: Ние играчите сме виновни!

Ѕвездата на Милан застана во одбрана на Гатузо: Ние играчите сме виновни!

Милан лошо ја отвори новата сезона и запиша само една победа во пет кола, па веднаш започнаа критиките на адреса на тренерот Џенаро Гатузо.

Италијанските медиуми пренесуваат дека доколку во скоро време резултатите не се поправат Гатузо може да добие отказ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, една од најголемите ѕвезди на тимот, Сусо застана во одбрана на тренерот и ја презеде вината за слабите резултати.

„Се согласувам со тренерот, имаме одлична тимска игра и се друго, но немаме менталитет. Кога треба да го контролираме водството треба да бидеме поблиску на теренот. Тоа е прашање на време и среќа, но истовремено е вистина дека сме млад тим што треба да порасне што е можно побрзо. Гатузо не е одговорен, овие работи се сведуваат на нас. Треба да бидеме повнимателни и концентрирани, без да се плашиме“, изјави Сусо.

„Се уште ништо не е загубено и можеме да завршиме во Топ 4, но не смееме да губиме бодови по патот. Кога играте Јувентус, Интер и Рома тогаш можете да извадите нерешено, ама мора да победуваме против помалите тимови“, заклучи Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Страшна повреда на Мусиала, два црвени картони и победа на Баерн за полуфинале! (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ обезбедија место во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако…