Дома Трансфер зона Ѕвездата на Арсенал се сели во Турција

Ѕвездата на Арсенал се сели во Турција

Фудбалерот на Арсенал Мохамед Елнени добил понуда од Турција и по се изгледа, следната сезона ќе го носи дресот на Галатасарај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


До крајот на преодниот рок остана уште помалку од една недела, а турскиот шампион во Елнени гледа идеално засилување.

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери му соопшти на Египќанецот дека може да замине, поранешниот играч на Базел не успеа да запише ниту една минута во новата сезона и јасно дека разделбата на двете страни е неминовна.

Уште неколку клубови од Турција покажаа интерес, меѓутоа Галатасарај беше најконкретен и испрати понуда.

Таткото на 27-годишниот играч потврди дека неговиот син бара соодветна понуда да го напушти Арсенал во наредниот период.

Галата му понуди 50 проценти помалку од она што го заработи во Арсенал, или 50 илјади неделно, но тоа не претставувало проблем и Елнени е спремен да ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…