
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ се појави пред камерите на Master 1000 турнирот во Монте Карло, но детал на неговото око ги вознемири сите навивачи.
Пред Ѓоковиќ е нов голем турнир, овојпат во градот каде што живее. Монте Карло долго време е неговата дестинација и затоа нагласи дека овој Мастерс во овој град му е еден од најважните турнири во годината.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Ова ќе биде за Ѓоковиќ 18. настап во Монте Карло. Пред камерите на официјалната страна на турнирот нагласи дека е убаво да се врати на турнирот по сите овие години, особено бидејќи тука живее и затоа што тука се родени неговите деца.
Меѓутоа, еден детал ги вознемири сите навивачи. Тоа е изгледот на неговото око кое е веројатно е заразено со инфекција.. Инфекцијата трае од финалето во Мајами, кое неочекувано го загуби од Јакуб Меншик, и сè уште не е помината. За што точно се работи, никогаш не беше откриено.
Фото: Пртинскрин