Дома Останати Тенис Ѓоковиќ после поразот: Страшно е чувството да се игра вака

Ѓоковиќ после поразот: Страшно е чувството да се игра вака

Новак Ѓоковиќ загуби од Алехандро Табило со 3:6, 4:6 во второто коло и испадна од АТП Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло.

Ова им беше втор меѓусебен натпревар и втора победа на Табило, откако славеше и минатата година (6:2, 6:3) на Мастерс во Рим.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


По мечот, Ѓоковиќ изјави: „Се надевав дека ова нема да ми се случи, но постоеше голема веројатност дека ќе играм вака. Страшно. Страшно е чувството да се игра вака, им се извинувам на сите што мораа да го гледаат ова.“

Ѓоковиќ не можеше да го објасни причината за лошата игра: „Ми беше ужасно. Немав високи очекувања, знаев дека ќе играм против силен ривал и знаев дека веројатно ќе играм лошо, но вакво лошо… Не го очекував ова.“

Ѓоковиќ има 37 години и е еден од најдобрите тенисери во историјата. Toj e рекордер со 24 Гренд Слем титули пред Рафаел Надал со 22 и Роже Федерер со 20. Во 2025 година има сооднос од 12 победи и шест порази. Успесите на турнирите му донесоа повеќе од 180 милиони евра.

Табило е 27-годишен Чилеанец. Во кариерата освои два турнири, а највисок пласман на АТП листата му беше 19-то место. Оваа година има сооднос од три победи и девет порази. Од наградни фондови заработи околу 3.3 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Aлкараз прв финалист на турнирот во Монте Карло!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Монте Карло, со победа над Ал…