Дома Останати Тенис „Ѓоковиќ нема да паничи поради поразите, не би се обложил против него“

„Ѓоковиќ нема да паничи поради поразите, не би се обложил против него“

Пол Анакон, тренер кој работеше со Пит Сампрас и Роџер Федерер, а сега е во стручниот тим на Тејлор Фриц, ја анализираше за „Тенис чанел“ разочарувачката почетна сезона на Новак Ѓоковиќ.

– За најголемите асови, најтешката работа е кога ќе започне да се случува најважната вест кога ќе загубат – објаснува некогаш 12-от тенисер во светот. – А бидејќи Новак сега игра помалку од кога и да е, изгледа како само да губи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Анакон објаснува како би требало сега најдобриот тенисер на сите времиња да размислува.

– Неговиот приоритет би требало да биде само во каква форма доаѓа на грен слемовите – потсетува Американецот дека Србинов сега се фокусира на најважните натпревари. – Како ќе се подготвам за Ролан Гарос? Како ќе се подготвам за Вимблдон? Треба да размислува само за непосредниот период кој доаѓа.

– Иако ќе продолжи да губи почесто од порано, тој е свесен колку е добар. Затоа нема да паничи, неговата самодоверба нема да се распадне. Сега е најважно да остане здрав и да се обиде да достигне врвна форма во вистинскиот момент.

Фото: Принтскрин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Aлкараз прв финалист на турнирот во Монте Карло!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Монте Карло, со победа над Ал…