
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во второто коло на Мастерсот во Монте Карло ќе игра против Чилеанецот Алехандро Табило, кој го елиминираше Швајцарецот Стен Вавринка со 2:1 (1:6, 7:5, 7:5).
Вавринка веднаш од почетокот на мечот наметна темпо и се чинеше дека по првиот сет (6:1) лесно ќе стигне до победа. Сепак, не беше така, бидејќи Табило успеа да ја пронајде својата игра и по голема борба во вториот сет славеше со 7:5 и изедначи.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Следеше многу интересен трет сет, во кој Чилеанецот загуби брејк во третиот гем, но се врати со ист мера во шестата и седмата, и беше на чекор од победа. Сепак, Табило не го искористи својот сервис при водство од 5:3, бидејќи Швајцарецот го зеде брејкот и мечот го однесе во неизвесна завршница. На крајот, Табило направи уште еден брејк во 12-тиот гем и така стигна до победа и меч со Новак Ѓоковиќ во следната рунда.
Ѓоковиќ и Табило ќе се сретнат првпат од 12 мај минатата година, кога Чилеанецот во втората рунда на Мастерсот во Рим славеше со 6:2, 6:3.
Фото: Принтскрин