Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Алкараз би можел да ги сруши моите рекорди

Ѓоковиќ: Алкараз би можел да ги сруши моите рекорди

Новак Ѓоковиќ никогаш не ја криел желбата да постави што повеќе рекорди во тенисот, практично сите најголеми веќе ги има срушено, но не крие и дека не се плаши дека еден ден некој ќе го надмине.

„Луѓето велат дека никој никогаш нема да ги сруши моите рекорди. Но, јас се сомневам, Карлос Алкараз тоа сигурно еден ден би можел да го направи. Па и Јаник Синер. Ако направат сè што е потребно за да го зачуваат телото, се фокусираат на долговечноста, размислуваат на долг рок. Карлос веќе постигна нешто што никој толку млад не го направил – во интервју за американскиот магазин „Џи-Кју“ потсетува најдобриот тенисер на сите времиња дека Шпанецот стана најмладиот број 1 во историјата кога како 19-годишник се искачил на светскиот врв.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Алкараз овој јануари има можност да сруши уште еден рекорд што се однесува на годините, односно да стане најмладиот тенисер кој ги освоил сите четири гренд слема во својата кариера. Му недостасува само Австралијан опен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се надева на нова титула – ќе биде четврти носител на Австралија Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигнува на Австралија Опен како четврти носите…