Фудбалските агенти се и тоа како важен дел од фудбалот денес, а еден од најдобрите кај нас, но и на овие простори сигурно е Никола Ѓошевски кој соработува со повеќе одлични фудбалери и тренери.
Ѓошевски е задолжен и за кариерата на Александар Васоски кој неодамна седна на клупата на Сараево каде што пристигна од Академија Пандев. Во интервју за босанскиот портал „репрезентација.ба“ Ѓошевски зборуваше на повеќе теми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот однос со Васоски не е класичен однос агнет – тренер.
„Васоски и јас немаме однос агент – тренер, ние сме кумови, семејни пријатели. Заедно игравме во Вардар. Дека има тренерски квалитет покажа и во Македонија, се забележа дека го надмина тоа ниво и дека е време за нешто ново, а на крајот се појави Сараево. Бараа тренер кој форсира млади играчи и игра офанзвно, Васоски токму по тоа е познат. Со Вардар стана шампион со млади играчи, за кога се распадна да го повика Горан Пандев каде што исто така го покажа својот капацитет. Со екипа која има многу мал буџет направи големи работи“.
Ѓошевски посочи дека парите не одиграле главна улога и откри дека за да продолжи како сениорски тренер го одбил Ајнтрахт,
„Васоски своеврмено беше голем играч, играше со години во Бундеслигата и заработи добро…Ќе ви откријам дека Ајнтрахт Франкфурт сакаа да работи во нивната младинска школа, но Васоски таа понуда ја одби затоа што сака да се докаже како тренер во сениорскиот фудбал. Според мене ќе стигне далеку“, изјави Ѓошевски.
Целото интервју на Ѓошевски – тука.