Дома Македонски спорт Мак фудбал Ѓорѓевиќ: Пелистер е одличен тим, но ние сме мотивирани да продолжиме со добри резултати

Ѓорѓевиќ: Пелистер е одличен тим, но ние сме мотивирани да продолжиме со добри резултати

Работнички во премиерата на 26.коло од Првата фудбалска лига утре (13 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува Пелистер. По триумфот над Борец, тимот на Александар Влахо ќе се обиде да продолжи во позитивен тренд и на мечот со битолчани.

Дефанзивецот Драшко Ѓорѓевиќ верува дека Работнички може да дојде до нов успех доколку одигра на потребното ниво и ги реализира на теренот поставените задачи од шефот на стручниот штаб.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Пелистер е одличен тим, а посебно добри резултати остварува во пролетниот дел од сезоната. Заслужуваат максимален респект, но од друга страна ние сме мотивирани да продолжиме со добри игри. Верувам дека можеме да ја оствариме целта доколку ги преточиме во дело на теренот поставените задачи од шефот на стручниот штаб Александар Влахо. Одиме од натпревар во натпревар и си поставуваме цел да бидеме подобри од претходниот настап“, вели еден од столбовите во одбраната на Работнички.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…