Дома Останати Ѓоковиќ супериорно до финалето во Австралија

Ѓоковиќ супериорно до финалето во Австралија

Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Австралија опен, откако убедливо го совлада Томи Пол со 3:0 во сетови (7:5, 6:1, 6:2).

Србинот стартуваше фуриозно, поведе со 5:1 во гемови, но потоа имаше мал пад во играта, па Томи Пол успеа да израмни на 5:5. Сепак, Ѓоковиќ го освои првиот сет со 7:5 во гемови, а следните два сета беше супериорен.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Ѓоковиќ се пласираше во своето 10-то финале на Австралија Опен и ќе се бори за десеттата титула во дуелот со Стефанос Циципас, кој претходно денеска го совлада Карен Хачанов во четири сета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ова се двајцата потенцијални нови тренери на Алкараз: Едниот играл 21 пат против Ѓоковиќ, другиот бил прв во светот

По објавата дека Хуан Карлос Фереро веќе не е тренер на Карлос Алкараз, многу тениски експ…