Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен, откако во четвртфиналето го победи Матео Беретини со резултат 3-1.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Зверев, па ќе има можност да му се реваншира за поразот на Олимписките игри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Олимписките игри имаа тежок крај за мене. Доминирав на турнирот до полуфинале и потоа загубив од Зверев. Водев со 6:1 имав и 3:2, а потоа играта ми се распадна. Се случува“, истакна Ѓоковиќ.
„Почнав малку да се сомневам во моите удари, додека Зверев почна да ја чита мојата игра и да сервира добро. Имаше многу лесни поени. Овде во Њујорк игра многу добро, но сега е поинаква приказна“, вели Ѓоковиќ.