Дома Останати Тенис Ѓоковиќ по шокантниот пораз во 3.коло на УС Опен: Ужасен натпревар

Ѓоковиќ по шокантниот пораз во 3.коло на УС Опен: Ужасен натпревар

НОВАК ЃОКОВИЌ годинава нема да освои ниту една грен слем титула, што е негова прва ваква година од 2017 година.

Рекордерот по број на титули од турнирот во најсилната категорија (24), беше сопрен во 3. коло на УС Опен.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тоа му го нанесе Алексеј Попирин, 25-годишниот австралиски тенисер кој никогаш не бил во топ 20 во светот и за кого ова беше прва победа против Ѓоковиќ во четвртиот обид. Попирин победи со 6:4, 6:4, 2:6, 6:4 за сензација во Њујорк.

„Им честитам нему и на неговиот тим. Беше подобар и заслужи да победи. Што се однесува до мене, од самиот почеток на турнирот, како играв и како се чувствував, третото коло е успех. Играв можеби мојот најлош тенис досега , а мојот сервис никогаш не бил полош“, изјави Ѓоковиќ по поразот.

„Не можете да победите на толку брза подлога без сервис, без шанси за лесни поени, со лош процент на прв сервис и двојни грешки. Не можете. Особено не против играчи кои се во форма како Алексеј, кои добро сервираат и врши притисок врз вашиот сервис. Да, ова беше ужасен натпревар за мене“, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …