Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на УС Опен откако во пет сета го победи Александар Зверев 4:6,6:2, 6:4, 4:6, 6:2.
После големата борба која траеше повеќе од три ипол часа Новак успеа да го совлада незгодниот Германец и се најде на чекор од историја и освојување на 21. Грен слем во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зверев го победи Ѓоковиќ во Токио, а добро стартуваше и во Њујорк. Ја искористи шансата за брејк во деветиот гем од првиот сет и потоа сервираше за освојување на првиот сет со 6:4. Меѓутоа како и во претходните мечеви, Ѓоковиќ се разбуди после изгубениот сет. Наредните два ги реши во своја корист (6:2, 6;4). Мечот сепак не можеше без драма. Зверев прави брејк на почетокот на четвртиот сет и го зачува до крајот па изедначува на 2:2.
Во последниот сет премногу неизвесност немаше. Новак убедливо го доби со 6:2 и се пласираше во финалето.
Во финалето Ѓоковиќ ќе игра против Данил Медведев.