Дома Останати Ѓоковиќ после голема борба до финале во Торино

Ѓоковиќ после голема борба до финале во Торино

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на завршниот Мастерс, победувајќи го Тејлор Фриц, по два тајбрејка  со 2-0  сетови.

Ѓоковиќ го доби првиот сет по неизвесен тај-брејк, а во вториот постојано заостануваше со еден брејк, но на крајот се избори за тај-брејк и победи со 2:0.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ова беше шести меѓусебен меч помеѓу Србинот и Американецот, а и овојпат, после скоро два часа подобар беше Ѓоковиќ.

„Победата ми беше во втор план, морав да се борам за да преживеам. Не се чувствував комфорно по маратонската битла со Медведев и знаев дека ќе ми треба време да се прилагодам на играта на Фриц, кој има еден од најдобрите сервиси во светот“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Јаник Синер повторно на врвот, а еве каде е Новак Ѓоковиќ пред завршницата на сезоната.

Јаник Синер триумфираше на мастерсот во Париз и се врати на првото место на ранг листата. …