Новак Ѓоковиќ ѝ се обрати на јавноста преку Инстаграм и кажа дека се подготвува за Ју-Ес опен кој се игра во Њујорк.




Според сегашните правила, невакцинираните странци не можат да влезат во САД.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Сакам да ја искористам оваа можност за да споделам со вас колку ми значи вашата поддршка и љубов која ми ја испраќате.




Голема чест е што толку многу луѓе ме поддржуваат и сакаат да ме видат на терените. Јас продолжувам да тренирам и да се подготвувам додека чекам одговор дали постои можност да заиграм во Њујорк“, кажа Ѓоковиќ.




Ју-Ес опен треба да почне на 29 август, а претходно се игра Мастерсот во Синсинати.