Новак Ѓоковиќ со својот потег ја шокираше српската јавност, откако реши да го затвори тенискиот клуб во Белград.
Ѓоковиќ во јуни ќе го врати својот тениски центар на градот Белград, а клубот престанува со работа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сите во клубот во белградската населба Дорчол биле информирани дека нивниот работен однос завршува на тој датум, а ќе остане само соработката со веќе спонзорирани играчи.
Центарот постои речиси 15 години, таму се одиграни седум АТП и еден ВТА турнири, како и многу помали натпреварувања. Честопати беше главната база за тренинг на Ѓоковиќ, како и за многу други тенисери.
Засега не се знае точната причина за ваквата одлука на Ѓоковиќ, се очекува наскоро некој од неговиот пиар тим или од семејството да даде соопштение за медиумите.