Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер без поголеми проблеми се пласираа во осминафиналето на УС Опен, откако со 3:0 ги победија Гаске односно Кириос.
Ѓоковиќ без проблеми го совлада Гаске, славеше со 6-2, 6-3 и 6-3 и се пласира меѓу најдобрите 16 на УС Опен. о осминафиналето Србинот ќе игра против Соуса кој со 3-1 го совлада Пуј.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Убедлив беше и Роџер Федерер кој со 6-4, 6-1 и 7-5 беше подобар од Ник Киријос. вајцарецот во осминафиналето ќе игра против Милман кој беше подобар од Кукушкин со 3-1.
Изненадување синоќа беше елиминацијата на Александар Зверев кој беше четврти носител на турнирот. Тој загуби од Колшрајбер со 3-1 во сетови.