Дома Останати Ѓоковиќ и повреден е непобедлив, стигна до 300 грен-слем победа

Ѓоковиќ и повреден е непобедлив, стигна до 300 грен-слем победа

Настапот на Новак Ѓоковиќ беше под знак прашалник поради повреда, но Србинот лесно стигна до својата 300-та Грен-слем победа.

Ѓоковиќ со 3-1 во сетови го победи Милош Раониќ и се пласираше во четвртфиналето од Австралија опен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Првиот сет го доби фаворитот во тај-брејк со 7-4 во поени, но Раониќ врати во вториот сет со 6:4, па видливо беше дека Ѓоковиќ се уште има траги од повредата.

Најдобриот тенисер во светот потоа го поткрена нивото на игра и славеше убедливо во третиот сет со 6:1, а потоа го доби и следниот сет со 6:4.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Александар Зверев кој беше подобар од Љајовиќ со 3-0 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ забележа нов пад на АТП-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на пониска позиција и на денес објавената АТП-лист…