Дома Останати Тенис Ѓоковиќ и Надал ја осудија одлуката на Вимблдон да се суспендираат руските и белоруските тенисери

Ѓоковиќ и Надал ја осудија одлуката на Вимблдон да се суспендираат руските и белоруските тенисери

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ја критикуваа одлуката на Вимблдон за суспензија на руските и белоруските тенисери.

Новинарите ги интересираше и дали Ѓоковиќ имал прилика да разговарал со некој од тенисерите од овие две земји после донесената одлука. Српскиот тенисер смета дека и на луѓето во АТП не им е лесно да носат одлуки под притисок.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Разговарав со Руси во Белград, ситуацијата не е лесна. АТП сигурно ќе види што може да се направи, одлуката на Вимблдон според мене дефинитивно не е коректна и не е фер, во никој случај не ја поддржувам“, порача Ѓоковиќ.

Иако во претходниот период често пати имаа различни ставови овој пат и Надал има слично размислување како Ѓоковиќ.

„Ваквата одлука не е фер за моите колеги од Русија и Белорусија. Тенисерите не се за ништо виновни од тоа што се случува во Украина“, порача Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Откриена е причината зошто Синер го предаде мечот на Алкараз: Не можев повеќе да издржам

Финалето на Мастерс 1000 турнирот во Синсинати заврши неочекувано. Јаник Синер не можеше д…