Новак Ѓоковиќ очигледно има уште многу „џокери во ракавот“ со кои може да ја изненадува својата милионска армија обожаватели.
Српскиот тенисер на Фејсбук сподели фотографија на која е сликан како се обидува да плете. Додека тој се обидува да плете правилно, неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ му помага и го подучува. „Интензивно фокусиран на плетење додека врне”, напиша Ѓоковиќ на објавата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За само неколку часа фотографијата доби над 40.000 лајкови , а илјадници оставија пораки во кои се одушевени од хобито на брачната двојка Ѓоковиќ. Јелена на својот Инстаграм профил сподели и видео со кометар.
View this post on Instagram
„Ти се погодија рачните работи, аморе”. Инаку Ѓоковиќ периодов настапува на Ролан Гарос, но поради дождот натпреварите беа одложени.