Бурата околу Новак Ѓоковиќ никако не стивнува.
Ѓоковиќ доби враќање на визата откако федералниот суд на Австралија пресуди во негова корист, но неговото останување во Австралија се уште е неизвесно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во оваа ситуација Ѓоковиќ сега за првпат даде конкретна изјава и потврди дека не е вакциниран, нешто што и се претпоставуваше. Сепак, во претходниот период Новак се немаше конкретно изјаснето во јавноста.
„Не сум вакциниран“, им потврдил кратко Ѓоковиќ на новинарите во Мелбурн.
Во доказите кои ги доставија адвокатите на Ѓоковиќ стои и ПЦР тест кој потврдува дека Ѓоковиќ бил позитивен на 16. декември. Но, проблемот е во тоа што Ѓоковиќ веќе на 17. слободно се шетал низ Србија што секако не е дозволено доколку сте позитивен.