Дома Останати Тенис Oбјавен ПЦР тестот на Ѓоковиќ: Дали тестот е лажен или Новак го загрозил здравјето на голем број деца?

Oбјавен ПЦР тестот на Ѓоковиќ: Дали тестот е лажен или Новак го загрозил здравјето на голем број деца?

На повеќе од 40 страни адвокатите на Новак Ѓоковиќ се обидуваа да го одбранат пред федералниот суд на Викторија.

Најдобриот светски тенисер доби пресуда во негова корист, но сепак и понатаму е неизвесно неговото останување во Австралија. Во споменатата одбрана објавен е и ПЦР тестот на Ѓоковиќ како доказ дека прележал коронавирус.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


На документот се гледа дека на најдобриот светски тенисер му бил земан брис во 13 часот на 16-ти декември, а резултатите стигнале седум часа подоцна. Сето тоа е во рамки на нормалното, како за милиони луѓе низ светот кои се тестираа изминативе две години.

Но, сега се поставува прашањето зошто најдобриот светски тенисер присуствувал на 17-декември (еден ден подоцна откако бил позитивен) на доделувањето награди за деца. Медиумите пишуваат дека или Ѓоковиќ направил лажно позитивен тест за да може да настапи на Австралија Опен или пак го загрозил здравјето на голем број деца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ е пред тешка одлука – време нема многу!

Новак Ѓоковиќ се мачи оваа сезона и не игра на нивото од претходната, па затоа и се уште е…