Србскиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа во рамките на Мастерс турнирот во Синсинати го порази Французинот Адриан Манарино и на тој начин се пласираше во осминафиналето.
Натпреварот за Новак беше многу потежок отколку што се очекуваше. Го загуби првио сет со 6:4, а потоа славеше со 6:2 и 6:1 и се пласираше понатаму. По натпреварот Ноле истакна дека зад него е тешка ноќ и дека не се чуствувал добро во првиот и првата половина од вториот сет.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не се чуствував добро во првиот и првата половина од вториот сет. Зад себе имав тешка ноќ, но со помош на докторот и Бог успеав да ја поминам оваа препрека. Манарино играше добро во текот на првиот сет, а јас не бев на своето ниво. Тешко се движев и имав неизнудени грешки. Во вториот дел од натпреварот беше многу подобро, а тоа ќе се обидам да го пренесам и во наредниот круг.“ – изјави Ноле.
Инаку, популарниот Ноле во осминафиналето ќе игра против Бугаринот Григор Димитров.