Дома Останати Ѓоковиќ елиминиран во Шангај

Ѓоковиќ елиминиран во Шангај

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, остана без титулата на Мастерсот во Шангај и загуби нови бодови, откако во полуфиналето доживеа пораз, во два сета 6-4, 6-4, од Роберто Баутиста-Агут.

Ѓоковиќ е далеку од вистинската форма, во Шангај тој само ја продолжи лошата низа која трае уште од Вимблдон. 28-годишниот Шпанец, Баутиста-Агут, одигра одличен меч, во кој го диктираше темпото и на крајот заслужено ја забележа првата победа во дуелите со Ѓоковиќ.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Српскиот тенисер се мачеше на теренот, кинеше маици, кршеше рекети и се расправаше со судијата, но тоа не му помогна да избори победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Венус на 45 години повторно се враќа на терен: А зошто да не играм тенис!?

Тениската вест на денот, а можеби и на целиот спортски свет, беше – Венус Вилијамс п…