Новак Ѓоковиќ – Кеи Нишикори 3: 0 (6: 3, 6: 4, 6: 2)
Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на УС Опен. Новак ќе го игра осмото финале во Њујорк, а вкупно 23. на Гренд-слем турнирите, и во недела ќе имаат можност да стигне до својата 14-та титула на најпрестижните турнири.
WHAT. A. FINISH.@djokernole reaches his 8th final in Flushing Meadows (23rd overall) after defeating Nishikori 6-3, 6-4, 6-2!#USOpen pic.twitter.com/vXIUeiPqD4
— US Open Tennis (@usopen) September 8, 2018
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кеи Нишикори немаше шанса против бекендот на Новак, и за време на двочасовниот дуел направи 51 грешки и се соочи со 17 брејк шанси на противникот.
Ѓоковиќ направи брејк веќе во вториот гем од натпреварот, користејќи ја петтата брејк шанса, и потоа ја задржа предноста до крајот на сетот.
Во вториот сет Нишикори имаше брејк шанса во вториот гем која што не успеа да ја реализира за потоа во петтиот гем да го загуби својот сервис. До крајот на сетот Ѓоковиќ загуби само три поени на својот сервис и поведе со 2-0.
Ништо ново не донесе и третиот сет, освен што Ѓоковиќ направи два брејка во овој дел од натпреварот.
Негов ривал во финалето на недела ќе биде Хуан Мартин Дел Потро и тоа ќе биде нивниот прв заеднички дуел по повеќе од една година. Ѓоковиќ ќе влезе во финалето со многу поголема доверба, со оглед на тоа што победи на 14 од 18 меѓусебни натпревари.
По завршувањето на финалето, Ѓоковиќ ќе обезбеди учество во финалниот турнир на сезоната во Лондон, по 11-ти пат во кариерата.